Според првичните податоци објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 80,71 отсто од гласовите.
Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, освоила 68 669 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, 64 404 гласа и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.
Далеку зад Арсовска и Шилегов е Петар Георгиевски од Левица со освоени 15 803 гласа, потоа Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 7 443 гласа, Ана Петровска од „Зелен хуман град“ со 7 207 гласа…
Во Скопје гласале 184 221 избирачи и досега има 13 327 неважечки ливчиња.