Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров утрово ги најави првите загуби кај Чеченците во Украина, кои се вклучија во војната на страната на Русија.

– За жал, веќе има загуби меѓу војниците на Чеченската Република. Двајца загинаа, а уште шест се повредени со различен степен на повреди, рече Кадиров.

Рамзан Кадиров, лидерот на руската провинција Чеченија и лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, деновиве изјави дека чеченските борци се распоредени во Украина и побара од Украинците да ја соборат нивната влада.

Во видеото објавено на Интернет деновиве, Кадиров рече дека руските сили лесно можат да ги окупираат големите украински градови, но дека нивната задача е да избегнат жртви.

На социјалните мрежи вчера изминативе денови се појавија неколку видеа на кои се гледа како чеченските борци во Грозни се подготвуваат да заминат за Украина.

Чеченија порано војуваше со Русија, но сега е под контрола на режимот на Путин.