Популарниот македонски артист и патриот Ванчо Петрушевски, пред шеат години во несреќен случај го загуби животот.

Загина додека заварувал на метална скала

На 25-ти август 2018-та година, јавноста остана шокирана откако се појави веста дека во селото Орешани во близина на скопската населба Драчево, од струен удар загинал актерот Ванчо Петрушевски.

Актерот загинал додека заварувал качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки. Го удрило струен удар и тој починал на лице место.

Ванчо во вилата во Орешани, често одел, особено во летните месци, каде што доаѓал да се одмори од обврските и градската гужва. Полицијата и официјално ја соопшти причината за смртта на познатиот актер. Ванчо Петрушевски загина на 67 години, а зад себе има голема актерска кариера.

Актер на театарската и патриот на македонската сцена

На 25 август 2018 година на 67-годишна возраст, во несреќен случај од струен удар во скопското село Орешани, почина доајенот на македонското глумиште Ванчо Петрушевски.

Роден на 19 април 1951 година, во Скопје. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975 година. Оттогаш како актер работи во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање во 2017 година.

Петрушевски беше активен на повеќе полиња и надвор од театарот, како водител на шоу, снимаше филмови, а негова пасија беше и сликарството. Тој е еден од творците на серијата Македонски народни приказни. Многу генерации го препознаваат по ликот на Рамче. Тој го снимил филмот Досие КА, според негово сценарио и продуцентство, а истовремено ја толкувал и главната улога.

Младиот Ванчо Петрушевски, непрепознатлив без мустаќи

Широк е репертоарот на негови улоги на сцената на Драмскиот театар во кој настапува. Еве дел од нив: Ослободувањето на Скопје, Солунски патрдии, Панургиј, Чудото на свети Ѓорѓија, Сомнително лице, Мачорот Мики Траси и Џингин Кан, Полнета птица, Дупло дно, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Собирен центар, Чија си, Женски оркестар, Грев или шприцер, Харем, Маратонците го трчаат почесниот круг, Зоолошка приказна, Сега му е мајката, Вујко Вања, Словенскиот ковчег, Платонов, Земјомерот, Сонот на летната ноќ, Тетовирани души, Марисол, Хамлет од Долно Гаштани, Македонски рулет, Лебедова песна, Баал, Живот во тесни чевли, Буре барут

Ванчо Петрушевски настапувал и на сцените на Македонскиот народен театар, народните театри во Штип, Велес… Добитник е наградите „Димче Трајковски“ за улогата Јаков во претставата „Дупло дно“ (1985 година за актерско остварување на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Јанко во претставата „Собирен центар“ (1989 год.). Во 1987 година Петрушевски е избран за најпопуларно ТВ лице на годината, а во 1988 година ја доби наградата Најдобро артистичко остварување во филмот и на телевизијата.

Во последните години честопати беше актер и на политичко – граѓанската сцена. Тоа особено во периодот кога како противтежа на тн. Шарена револуција во Македонија неколку месеци се одвиваше масовен народен протест познат под мотото „За заедничка Македонија“, а против разнебитувањето и заканите за унитаризмот на Република Македонија.