Името на Сабрина Квист изминатиов период стана актуелно во медиумите, откако нејзиниот сопруг Кристијан Ериксен колабираше на воведниот меч од ЕП против Финска. За среќа, Ериксен успеа да се спаси по претрпениот срцев удар, неговата сопруга Сабрина доживеа вистинско шок, се обиде да стигне до својот сопруг, но во таа намера ја спречија голманот Каспер Шмајхел и капитенот Симон Кјаер, кој патем му го спаси животот на Ериксен.

Долгогодишната девојка на данскиот капетан и мајка на нивните две деца (3 години и година и пол) плачеше и гледаше што се случуваше од трибините, а потоа се втурна кон теренот и влезе во тревникот придружувана од чувар.

Тие ја спречија да не оди на местото каде што го оживуваа Кристијан. Каспер Шмајхел беше првиот играч од Данска кој стигна до неа. Тој силно ја прегрна и наскоро дојде Симон Кјаер, играчот кој прв му помогна на Ериксен и спречи да се задуши до доаѓањето на медицинскиот тим.

Како англиските таблоиди измислија дека го изневерува Ериксен

Само неколку дена после поразот и понижувањето од Баерн со 7:2, во британските таблоиди се појави вест дека сопругата на Ериксен има афера со неговиот соиграч Јан Вертоњен.

Тогаш, Ериксен се одзва во јавноста по лудите шпекулации кои осамнаа низ одредени медиуми околу наводната афера која неговата сопруга наводно ја имала со неговиот соиграч од редовите на Тотнем, Јан Вертонген, кој и самиот реагираше на социјалните мрежи.

Најпрво на социјалните мрежи се појави една луда шпекулација дека Сабрина Квист Јенсен имала афера со Јан Вертонген, за која дознал и Ериксен по што настанала вистинска „мешаница“ во тимот на Тотнем, што морал да се замеша дури и Хари Кејн кој наводно му удрил ќотек на Белгиецот.

„Јан Вертонген бил фатен како спие со сопругата на Кристиан Ериксен“ гласеше објавата на социјалните мрежи, а со реакција се одзваа и Ериксен, но и Фертонген, кои се згрозени од таквите шпекулации.

„Сра*е“ беше коментарот на Ериксен, а неговата објава ја пренесе и Вертонген кој додаде срце во истата објава.

Инаку, Сабрина не е од типичните „жени фудбалерки“ – таа се обидува да живее тивок, семеен живот далеку од очите на јавноста, така што ретко можеме да ја видиме во медиумите, а има ретки ситуации кога папараците успеваат да ги забележат нејзините излегувања со пријатели, мирни вечери во нивните омилени ресторани.

Сабрина и Кристијан запловија во романса во 2012 година, а пет години подоцна соопштија за јавноста дека го очекуваат своето прво дете. Во јуни 2018 година го пречекаа својот син, кој веднаш стана центар на нивниот свет, а славниот фудбалер често споделува фотографии на социјалните мрежи кои покажуваат колку ужива во родителството и семејниот живот.

На крајот на минатата година, двојката повторно ги сподели најдобрите вести со јавноста, кога уште еден член се придружи на нивното семејство.