Трагично заврши борбата за живот на едноиполгодишното дете кое падна од четврти кат во Нови Пазар. Како што јавуваат белградските медиуми, тоа за жал починало на пат кон Белград.
Според информациите, бебето имало крварење во мозокот. Поради сериозноста на повредите започнал негов транспорт од Нови Пазар на итна неврохирургија во Белград, но не преживеало.
– Детето има тешки повреди на главата и горните екстремитети. Поради тешката состојба моравме итно да го транспортираме во Белград – изјави претходно денеска детскиот хирург Џевад Шебечевац.
Детето паднало на платото пред зградата – Да потсетиме, едно иполгодишно дете попладнево падна од четврти кат во зграда во населбата Оаза, која се наоѓа на улицата „Стеван Немања“, под зградата Хари Трејд во Нови Пазар.
Поради сериозноста на повредите опасни по живот, момчето од Нови Пазар било испратено во Белград.
Се огласи и Дачиќ – Попладнево детето А.К. (08.03.2023) паднало од четврти кат во зграда во Нови Пазар. Истрагата утврдила дека детето било во станот со родителите и дека во еден момент излегло на терасата и паднало на платото пред зградата.