Голем број туристи и локални жители изминатите денови се огласија со тврдење дека биле нападнати од желки на хрватскиот дел од Јадранот, а сето тоа се случило во околината на Трогир, пишува Слободна Далмација.
Но, некои од нив можеби и го заслужиле тоа. Имено, ХРТ објави вознемирувачко видео и даде сосема нова перспектива на ситуацијата.
Мажите (поточно дебили) ја допираат желката, ја превртуваат и ја влечат во плиткото. Таа кутрата едвај се брани, а присутните се смеат, ја провоцираат и малтретираат. На видеото може да се види како тие ја допираат, ја влечат за оклопот, перките…
Експертите велат дека желката е мирно животно, не напаѓа луѓе ако не е испровоцирана. Но, оваа дефинитивно е истрауматизирана и секогаш кога ќе дојде кај луѓе „гризе“ некого од страв. И сето тоа благодарение на дебилите од оваа снимка, пишува Слободна Далмација.