Калиопи конечно се огласи на социјалните мрежи по трагедијата кој се случи вечерва за време на нејзиниот концерт во Белград.
Македонската поп-дива е скршена од болка, откако госпоѓа од Македонија на возраст од околу 70 години вечерва почина за време на нејзиното шоу во МТС салата во српската престолнина.
„Ова е најтажниот ден во мојата кариера. Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот. Во мое име и во името на целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е мојата прва и единствена изјава за вечерашниот непријатен и многу тажен настан за сите нас. Се надевам дека мојата публика има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт. Новиот термин наскоро ќе биде објавен“, напиша Калиопи на „Инстаграм“ објавувајќи фотографија со црна позадина.