Еден несовесен возач уништил перална во Германија и направил штета од 250.000 евра. Сопственикот на автопералната од Зангерхаузен, Феликс Ајхлер (35) се уште не може да поверува што снимила неговата безбедносна камера.
Имено, надзорните камери снимиле еден возач (73) како со голема брзина влегува во автоперална, предизвикувајќи огромна штета. И покрај тоа што истрагата се уште е во тек, се претпоставува дека возачот случајно ја притиснал педалата за гас наместо кочницата.
Две третини од неговата перална за автомобили е надвор од функција по несреќата, а за многу од уништените апарати резервните делови не се лесно достапни.
Во моментов не е јасно дали и колку осигурувањето ќе ја покрие штетата, изјави Ајхлер за германските медиуми. Иако неколку пати видел слични видеа на Јутјуб, секогаш се смеел и прашувал како е можно такво нешто.
– Кога навистина ќе ви се случи, престанувате да се смеете – додал Ајхлер, пишува RTL.de.
И покрај предизвиците, откажувањето не е опција за него, особено ако се земе предвид дека објектот е семеен бизнис.
Во 2022 година, Феликс го презеде бизнисот од својот татко, кој го започна во доцните 90-ти. Она што му е најважно во моментов, истакнува Ајхлер за германските медиуми, е дека во овој судир нема повредени, а плановуте се бизнисот да продолжи со поддршка од семејството.
Снимката од инцидентот можете да ја погледнете ОВДЕ…