Руската актерка Камила Бељаскаја (24) почина во Тајланд откако огромен бран ја повлекол од карпа во морето. Во тој момент, актерката била на островот Кох Сумуи, каде вежбала јога на карпа.

Страшната снимка и фотографии од Камила откако бранот ја однесе во морето се проширија низ социјалните мрежи. Еден од сведоците влегол во морето за да се обиде да и помогне, но не успеал. Не се знае што се случило со него. На помош дошла и спасувачката екипа која исто така се борела со немирното море. Помошта пристигнала 15 минути откако бранот ја одвлекол, но немало начин да се спаси.

Подоцна на површината на водата е забележана нејзината подлога на која вежбала.

Бељаскаја пристигна во Тајланд со своето момче, како што објави Дејли Мејл. Таа отиде на популарното туристичко место Lad Koh Viewpoint за да ги гледа брановите и да вежба со убав поглед. Таа пред смртта ги контактирала своите следбеници на социјалните мрежи и кажала колку го сака тоа место. Таа исто така рече дека неколку пати се враќала на островот и го опишала како „дом“ и „најдобро место на Земјата“.

По трагедијата што и се случи на актерката, многумина ги повикаа туристите да избегнуваат карпести области за време на високи бранови.

„Овој инцидент служи како потсетник за опасностите од монсунските услови, а властите ги повикуваат посетителите да бидат исклучително внимателни и да избегнуваат карпести области за време на периоди на високи бранови“, се вели во еден извештај.

Локалните власти формираа центар за пребарување и спасување за да ги координираат напорите за лоцирање на актерката и човекот кој наводно се обидел да ја спаси.