Несреќата се случила во моментот кога член на техничката екипа случајно паднал во спуштен лифт. Во истиот миг, Лепа Брена се подготвувала за својот настап, што довело до повреда. И покрај болката, пејачката ја завршила вечерта со концертот, покажувајќи неверојатна професионалност и посветеност кон публиката.
Најпознатата музичка ѕвезда од регионот, Лепа Брена доживеа несреќа за време на вчерашниот концерт во „Арена Загреб“, при што го скрши зглобот на ногата. И покрај скршеницата Лепа Брена со завој на ногата успешно го заврши концертот, а веднаш потоа беше оперирана. Организаторите потврдија дека операцијата е успешно извршена и Брена се чувствува добро.
Несреќата се случила во моментот кога член на техничката екипа случајно паднал во спуштен лифт. Во истиот миг, Лепа Брена се подготвувала за својот настап, што довело до повреда. И покрај болката, пејачката ја завршила вечерта со концертот, покажувајќи неверојатна професионалност и посветеност кон публиката.
Од тимот на Брена и организаторите на концертот информираа:
„Лепа Брена утрово го оперираше зглобот, а операцијата помина успешно. Благодарение на ентузијазмот на публиката, таа успеа да го изведе целиот концерт до крај. Сепак, по препорака на лекарите, најавените концерти за 10 и 16 декември се одложени. Благодариме за разбирањето и поддршката“.
Пејачката моментално се наоѓа во болница и започнува процесот на опоравување. Обожавателите изразија поддршка и испратија желби за нејзино брзо закрепнување.