Загрепската полиција уапси 38-годишен странец кој во четвртокот рано утрото возејќи под дејство на алкохол свртел полукружно на автопатот А1 и продолжил да вози во спротивна насока.
Возач на „мерцедес“ со чешки регистарски таблички е осомничен за несовесно возење во сообраќајот на патиштата, извести во саботата загрепската полиција.
Пријавениот во четвртокот околу 5.30 часот под дејство на 0,86 промили алкохол се движел со автомобил на автопатот А1 во правец југ на делницата Лучко – Јастребарско и полукружно продолжил да вози во забранетата спротивна насока, загрозувајќи се себеси и другите возачи.
Полициски службеници го запреле возилото на осмиот километар од автопатот, спречувајќи го возачот од натамошни тешки прекршувања на прописите за безбедност во сообраќајот, односно несовесно возење во сообраќајот на патиштата.
Возачот е приведен и со кривична пријава е задржан во полиција.