Со извлекување на телото на 56 – годишниот маж од водите на Вардар заврши дводневната акција на спасувачите.

Претходно синоќа беа извлечени телата на три жени од автомобилот Ауди, кој вчера попладне се излизга во Вардар во близина на селото Рашче.

Во автомобилот во моментот на несреќата имало три жени, маж и четиригодишно дете. Детето, за среќа паднало на патот во моментот на лизгањето на автомобилот и со телесни повреди е пренесено во клиниката 8-Септември.

Канал 5 ексклузивно од местото на трагичниот настан во моментот на наоѓање и извлекување на телото на несреќниот маж.