До нашата редакција пристигна информација и фотографија за две лица кои наводно во водите на Охридското Езеро пуштиле аквариумски ајкули, објави пред малку Канал 5 телевизија.

Лицето, кое сведочело на настанот, во дописот до нашата редакција, вели дека вчера пред полноќ, две лица дошле до брегот на езерото кај местото Сараиште и во водите пуштиле аквариумски ајкули.

Станува збор за непотврдена информација која доколку се испостави како вистинита, може да предизвика загриженост кај граѓаните.