Очигледно беше дека серијата долго време траеше и едноставно немаше крај, но епизодата емитувана како последна на Канал 5 не е финалето на “Ветување”. Серијата уште се снима и прикажува во Турција, а крајот е најавен за септември, објави поралот ТВ ПАКЕТ.

Сепак, македонските гледачи нема да го видат крајот на малите екрани, затоа што Канал 5 ја заврши серијата со емитување.

За разлика од кај нас, серијата продолжува со емитување во Србија, Црна Гора, Босна и Бугарија со најновите епизоди.