Страшната трагедија која се случи вчера околу 17 часот кога во базенот во дворот се удави едногодишниот Д.А. од Змајево, ги остави во шок жителите на тоа село во општина Врбас, соседна Србија.

Неофицијално, мајката Ц.К.(31) се вратила од работа околу 16 часот и ги затекнала синот (7) и ќерката (3) како пливаат во мал гумен базен во дворот длабок 25 сантиметри, додека едногодишната Д.А се капела во кадичка до влезната врата од куќата.

Одеднаш, како што рекла, околу 17 часот дошол нејзиниот син во куќата и рекол дека бебето влегло во базенот и не дише.

Веднаш била пренесена во Општата болница во Врбас, но за жал не можела да се спаси.

Целиот случај го презеде Вишото јавно обвинителство од Сомбор, кое нареди обдукција на телото на бебето, кое не покажало видливи траги на повреди, како и земање мостри од крвта и урината на родителите и водата од базенот.

Од извор близок до истрагата се дознава дека по трагедијата родителите на Ц.К.(31) и Д.А.(40) дале изјава во присуство на полиција , обвинител и работници од Центарот за социјална работа и надлежното Јавно обвинителство од Сомбор по прибирање на сите извештаи, анализата на подигнатиот материјал и обдукцискиот извештај ќе одлучи за понатамошното постапување во врска со инцидентот и ќе утврди дали има елементи на кривично дело или се работи за несреќен случај.