Во раните утрински часови крвта е најгуста. Тоа е причината што во нашата земја има најмногу мозочни и срцеви удари во тоа време. Во раните утрински часови, повторувам, крвта е густа. Организмот очајно бара вода за крвта да се разреди. А како нашиот народ го почнува денот? Со кафе. А кафето е диуретик. Една шолја кафе ќе исфрли седум пати повеќе вода од организмот отколку што со нејзе е внесено. И сега настанува парадокс. На организмот му треба вода за да ги измие ткивата, за да се ослободи од токсичните материи, а луѓето наместо вода, пијат штетна материја, крвта станува уште погуста и доаѓа до создавање на серија проблеми.

Првиот проблем, на пример, една млада жена со години има низок притисок, и лекарите погрешно и велат, но ефикасно, кога некој има низок притисок, да се напие кафе. И сега што се случува. Она ќе се напие кафе, кафето ќе ги стегне крвните садови го засилува лачењето на хормонот на стрес, притисокот се качил и сега на неа привремено и е добро. И она вели: Тоа е вистински доктор, а не оној Боројевиќ кој ми забранува се и сешто.

Но, кафето е диуретик. Наскоро водата ќе биде исфрлена од организмот и сега, пред да се напие кафе, притисокот бил низок, после пиењето кафе се зголемил, но сега ќе падне многу пониско и жената повторно ќе се напие кафе. Тоа ги оптоварува срцето, крвните садови и го оштетува организмот. Одиме понатаму. Организмот сега нема доволно течност во крвотокот. И мора таа течност да ја повлекува од ткивата, артериите. И сега доаѓа до пекол. Тоа трае, 10, 20, 30 години, жената влегла во менопауза и повторно има проблеми со притисокот. Доаѓа кај лекарот и тој и вели дека сега има страшно висок притисок. Она вели: Како кога цел живот имам низок притисок?

Што се случило? Со непиење вода дошло до толкаво оштетување на организмот и крвните садови, што се јавил висок притисок. Зошто? Човекот е стар колку му се стари крвните садови. Со непиење вода, страдале ткивата околу крвните садови, страдале и самите крвни садови, тие станале тврди, крути и сега внимавајте на парадоксот: во нејзиниот организам нема доволно вода, но заради оштетените крвни садови, за да не доживее мозочен и срцев удар, лекарот е принуден да и препише диуретик. Така, и тоа малку вода што го има во организмот, ќе биде исфрлено.

И сега влегуваме во круг во кој водата во организмот се повеќе се намалува. Затоа нашиот народ вели: Ќе ја прашате староста, каде била младоста.

Д-р Петар БОРОЈЕВИЌ, кардиолог, Србија