Софија Шашиќ се најде во центарот на интересот поради наводната тајна врска со фудбалерот Душко Тошиќ, кој е во брак со пејачката Јелена Карлеуша.

Нејзиниот татко, пејачот Жељко Шашиќ, наводно целосно полудел кога слушнал дека неговата ќерка е во врска со Тошиќ.

– Ајде бре, бегајте, пуштете ме! Каков бре коментар? – извикал Жељко, по што им спуштил на новинарите.

Според медиумите, Софија и 15 години повозрасниот Душко Тошиќ, одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, а наводно за тоа дознала дури и неговата сопруга.

Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега и беа ситуирани и и го дадоа животот што го сака – изјави изворот за Ало и откри како дошло до наводната емотивна врска меѓу Душко и Софија.

Мајката на Софија Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да се впушти во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца – вели изворот за споменатиот медиум.

Меѓутоа, тој и тврдел дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па врската најчесто ја одржуваат во странство, а таму и не треба да се кријат. Тие се заедно веќе неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, а открил дека Карлеуша наводно дознала за оваа афера.

Неговата сопруга дознала дека Душко и Софија се во однос. Веднаш ја отследила својата поранешна пријателка Соња на Инстаграм и го прекина секој контакт со неа – заклучи соговорникот.

Инаку, Софија, како и нејзината мајка Соња, продава облека, а има и свој бренд. Таа е многу популарна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од егзотични дестинации на Инстаграм, каде ја следат 130.000 луѓе.

📸

📸

📸

📸

📸