Доколку сè уште не сте имале прилика во живо да запознаете барем една од локалните познати дами и ве интересираше колку се високи, ќе ви ја откриеме тајната.

Јелена Карлеуша и Емина Јаховиќ со 178 сантиметри се меѓу прилично високите дами. Теа Таировиќ во една прилика пак истакна дека е висока 180 сантиметри.

По нив следуваат Софија Милошевиќ со 177, Милица Павловиќ со 170 и Јелена Ѓоковиќ, Наташа Беквалац и Тамара Драгичевиќ со 170 сантиметри.

Елена Китиќ, судејќи по фотографиите, изгледа како прилично висока жена, но факт е дека може да се пофали со само 156 сантиметри.

Интересно е што во оваа група спаѓаат и светски познатите дами. Кортни Кардашијан е висока само 155 сантиметри, а зад неа е Ким со 157 сантиметри. Остатокот од кланот Кардашијан, Кендал 179 сантиметри, Кајли 168, Клои 175.

Латино дивата Џенифер Лопез е висока 164 сантиметри.