Една од најпопуларните балкански поп пејачки Јелена Карлеуша денеска ја напушти Србија и отпатува за Дубаи, каде што ќе настапи за два дена.
Иако се повлече од медиумите и не се огласуваше по семејната драма на Божиќ кога го пријави во полиција својот сопруг Душко Тошиќ за семејно насилство, Карлеуша сепак реши да ги исполни обврските кои и беа закажани порано.
Друштво во Дубаи и прави нејзиниот добар пријател и менаџер Зоран Бирташевиќ, кој беше со Јелена во најтешките моменти.
Бирташевиќ објави фотографија од авионот, а потоа Јелена снимила кратко видео на кое се гледа како таа и нејзиниот пријател седат во одделни редови.