Дека просечната нето плата во продавниците на синџирот дрогерии ДМ во Хрватска изнесува 1.800 евра предизвика многу реакции.
Имено, менаџментот неодамна се пофали дека просечната нето плата во продавниците (односно без администрација и менаџмент) во изминатата деловна година изнесувала 1.813 евра.
Една година претходно платата беше 1.672 евра, што значи дека сега е во просек повисока за околу 140 евра, односно за нешто повеќе од осум отсто. Така барем тврди раководството на ДМ.
Меѓутоа, бидејќи овие бројки изгледаа малку нелогично, се обидовме да добиеме информации колку всушност заработуваат касиерите и другиот персонал во продавниците на ДМ.
– Сепак, она што успеавме да го дознаеме деновиве открива дека огромното мнозинство луѓе кои всушност работат во продавниците на ДМ немаат ни приближно толкава плата, објавија хрватските медиуми.
„Нето платата на касиерите во ДМ денес е, отприлика, во просек 1.200 евра нето. Овие 1.800 евра може да се применат за менаџерите на продавниците, но тоа зависи и од стажот, односно колку време се во фирмата“, открива добро упатен извор.
Три неофицијални извори од ДМ потврдија дека просечните плати на касиерите навистина се во тој опсег, приближно 1.200 евра нето.
– Какви 1.800 евра… не знам како воопшто пресметале, објасни соговорникот од компанијата со кој денеска разговаравме за заработката во ДМ.