Поројниот дожд продолжува да ги полни реките низ Централна и Источна Европа. Дел од нив се излеаа од своите корита и поплавија голем број градови. Илјадници луѓе останаа без електрична енергија, а во голем број населени места се спроведува евакуација на населението.
Најпогодени од циклонот Борис кој го зафати регионот се Романија,Чешка и Полска, каде веќе се регистрирани и првите жртви.
Властите во овие земји го повикаа населението кое е погодено од поплавите да се евакуира на повисоките места и да соработува со спасувачките екипи.
Нивото на водата во реките во Полска се зголемува и ќе продолжи да расте поради обилните врнежи.
Најтешка е ситуацијата во југозападните и западните делови на земјата, каде нивото на тревога е надминато – покажуваат податоците на Институтот за метеорологија и управување со водите. На сила е највисокото ниво на хидролошки предупредувања.
На социјалните мрежи се појавија снимки од поројните дождови во Полска, на кои се гледа како поплавата носи автомобили на улица.
Southern Poland too pic.twitter.com/5O8QFVxRqn
— Prawicowy populista (@NarodowyT1068) September 15, 2024