Поранешната водителка и сопруга на Љуба Перучица, Катарина Колозеус доживеала непријатна ситуација додека пробувала облека во дуќан во трговски центар.

Имено, додека Катарина се пресоблекувала и пробувала облека забележала камера која цело време ја снима.

Според зборовите на нејзиниот сопруг, Љуба Перучица, водителката веднаш се обратила на вработните и на менаџерите, но тие тврделе дека камерата не работи.

Перучица додаде дека за тоа била известена полицијата и дека надлежните органи потврдиле дека камерата работи.

Пејачот сакаше да ја предупреди јавноста, нагласувајќи дека е незаконски да се снима на места како овде каде била ставена камерата.