Десет годишно момче од Италија ги загубило левиот палец и двата прста на десната рака кога му експлодирала петарда во раката.
Жената која наводно му ја продала петардата е пријавена и уапсена.
Во нејзината куќа биле пронајдени и одземени бројни нелегални пиротехнички средства од страна на полицијата.
Несреќата се случила доцна вечерта на 28 декември, објави агенцијата Анса.
Момчето, кое првично било однесено во болница во Таранто, потоа е префрлено во болница во Бари каде што е примено на одделот за пластична хирургија.
Тој се здобил и со повреда на окото која, за среќа, нема да остави трајни оштетувања.