Пожарот кој го зафати хотелот во турскиот ски центар Болу, однесе 66 животи, а најмалку 51 лице се повредени, соопштија властите.
Пожарот избувнал во 12-катниот хотел Гранд Картал во 3:27 часот по локално време, во време кога во хотелот имало 234 гости.
Досега имаше информации за 10 загинати, но таа бројка се зголеми неколку часа по пожарот, соопшти турското МВР. Според турските медиуми, најмалку две лица ги загубиле животите откако скокнале од прозорците на хотелот.
Видеата кои кружат на социјалните мрежи во Турција покажуваат чаршафи кои висат на прозорците, користени од оние кои се обиделе да избегаат од запалената зграда.
Loading...
Loading...