Откако австриската Влада го прогласи четвртиот национален карантин, на прес-конференцијата беше најавено дека по воведувањето на задолжителната вакцинација ќе бидат објавени казни за непочитување на новата обврска.

Предлог-законот, на кој работи австриското Министерство за здравство, предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинација да бидат казнети со 3 600 евра за одбивање на првата доза и 1 500 за одбивање на третата доза, пишува Блумберг.

„Мора да се понуди и граѓаните да се вакцинираат. Кој ќе ја одбие таа понуда, ќе мора да плати казна. Апсолутно не сме задоволни од стапката на вакцинација “, изјави министерката задолжена за уставни прашања, Каролин Едштадлер.

Таа потврди дека казните ќе бидат од 1 500 до 3 600 евра во зависност за која доза се работи.