Во „Дејли Клик“ на ТВ21, за најновите случувања во рамките на ДУИ, разговараме со потпретседателот Арбер Адеми. На прашањето дали Артан Груби ќе биде исклучен од партијата по одлуката на Стејт департментот, кој го стави Груби на „црната листа“, Адеми во „Дејли Клик“ изјави дека го дели ставот на партијата и ја почитува одлуката на Стејт департментот. Покрај тоа, тој нагласи дека активностите ќе продолжат од шаторот.
ТВ21: Дали Груби ќе биде исклучен од партијата? Дали ДУИ донела одлука како ќе продолжи понатаму со господинот Груби?
Арбер Адеми: Го делам ставот на ДУИ во врска со ова прашање, односно, ДУИ ја почитува одлуката на Стејт департментот. Ние остануваме посветени на нашето стратешко партнерство кое како народ, а и како политичка партија, го градиме преку децениските жртви на албанскиот народ, со цел понатаму да го унапредуваме тоа стратешко партнерство. Одлуката беше јавно објавена доцна синоќа, а нашите активности за нашата кауза продолжуваат од шаторот,“ изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.