Од 1 октомври возачите во Германија ќе мора да внимаваат на гумите што ги ставаат на своите автомобили за да не бидат казнети.
Гумите што го имаат само симболот M+S (кал+снег) повеќе нема да се бројат како зимски гуми. За возачите кои ги имаат на своите автомобили, има преоден рок до крајот на септември, овие гуми се сметаат за погодни за зима само доколку се направени пред 1 јануари 2018 година.
Сите гуми M+S произведени по овој датум не се официјално одобрени како зимски гуми, а ќе бидат дозволени само оние со „Alpine“ знак (снегулка, планина, а може да имаат и дополнителен M+S знак).
Причината за тоа, според германските законодавци, е фактот што претходно производителите на гуми можеа да го пишуваат симболот M+S без тестирање на квалитетот, но симболот „Alpine“ бара построга контрола.
Ако возите автомобил во Германија и не го почитувате законот, се соочувате со казна од 60 евра и еден казнен бод, а може да бидете казнети и ако не сте во возилото.