Второто полугодие за учениците од земјава ќе започне идната недела, во понеделник.
– Иако во јавноста кружат најави за продолжување на зимскиот распуст поради ниските температури, од Министерството за образование нема официјалнo осоопштение, објави порталот Скопје инфо.
Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024).