Ќерката на Весна Петрушевска, Мина Тренкоски, пред речиси два месеци поминала 15 дена на апарати во болница во Дубаи, откако изгубила свест и ѝ дијагностицирале белодробна емоболија.
Покрај тоа што ќерка ѝ 15 дена била ни на небо ни на земја, актерката вели дека сметката за лекувањето во Дубаи допрва треба да ја плати, пишува „СДК“.
Дваесет годишната Мина, минатата година заминала да работи во Дубаи заедно со семејната пријателка Моника, која Петрушевска ја нарекува нејзино трето дете, не наслутувајќи што ќе се случи.
Покрај болеста на Мина, 2024 година за Петрушевска е посебно тешка зашто изврши целосна мастектомија на едната града откако и беше дијагностициран канцер.
Мина сега е во Македонија и треба да закрепне целосно. Таа на 24 декември се појави на сцената Македонскиот народен театар, на крајот од премиерата на претставата „Бог на колежот“, која беше изведена во режија на Весна, и ѝ подари цвеќе на мајка ѝ.
Од 2013 година откако ѝ се запали семејната куќа во Кисела вода, Весна доживеа многу несреќи. Во 2016 ќерка и беше жртва на педофил кој моментално одлежува затворска казна, една година подоцна беше украден нејзиниот автомобил кој заврши во реката Вардар, а во 2021 година се соочи со загубата на татко ѝ.