Младата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ, која почина ноќта меѓу 8 и 9 декември, ќе биде погребана денеска во 13 часот на гробиштата Лешче.

На мајката на Кристина, Наташа и се слошило во капелата, кога во еден момент и попуштиле нозете и почнала да паѓа. За среќа, околу неа имало пријатели и семејство, па ја задржале да не падне.

На Лешче се собраа семејството и пријателите, а меѓу првите пристигнаа тетката на Кика, Нада и нејзината ќерка Драгана. Тие носеа венец на кој пишуваше: „Последен поздрав Кики“.

Мајката на Кристина ја држеше својата втора ќерка Ивана, која ја носеше сликата на Кика.

Голем број нејзини колеги дојдоа да и оддадат почит.

Меѓу нив се јутјуберите: Кале, Андрија Џо, Декс Рок, Јанко, Илија Буги и други.

Кристина ќе биде погребана во бел ковчег, а се уште не се знае дали ќе се одржи опело, иако свештеникот бил пред капелата.

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷