Топлото време мами за миг да се најдеме на некоја песочна плажа, покрај тиркизно море и коктел за разладување.
Дел од познатите домашни ѕвезди веќе резервираа одмор, дел веќе се на одмор и од таму информираат преку социјалните мрежи како уживаат, какво бикини одбрале за оваа сезона, но и каква храна вкусуваат.
Фолк-пејачката Сузана Гавазова не пропушта прилика да се пофали со згодното тело на свои 44 години. Сузана навистина изгледа одлично во нејзината петта деценија, што ретко која жена може да се пофали.
За ова патување во јуни, кое најверојатно е само почеток на летото за Гавазова одбрала црни бикини со славен шешир кој во последно време е нејзин заштитен знак.