На Инстаграм и на Фејсбук се појави канал со најава дека ќе се отвора нова А1 телевизија, по што некои медиуми избрзаа да ја поврзат со поранешниот сопственик на најгледаната телевизија која беше затворена во 2011 година.
Ќерката на Велија Рамковски, Емел Рамковска во изјава за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект, а не е познато ниту дали навистина ќе се појави таква телевизија во етерот. Според најавите на социјалните мрежи станува збор за интернет телевизија, но за Рамковска, целата работа е несериозна.
-Ние не стоиме зад тоа, телевизијата нема да биде на Велија. Не знам кои се луѓето, спорна е целата работа и ми делува малку несериозно со целата најава на Инстаграм. Тоа не се прави така, но секој сака да искористи од рејтингот на А1 па така би било интересно да се дознае кој стои зад целата работа и мене ме интересира, рече Рамковска за Слободен печат.
Рамковска додаде дека законски, не би смеело да постои таква телевизија во етерот, но на интернет се е возможно.