Заднината на злосторството се уште останува непозната, но медиумите јавуваат дека наводно на 18 септември дошло до расправија меѓу Имер и двајцата осомничени.

Македонецот Имер Д.(40) пред два месеци беше избоден со нож на гробишта во Бремен, Германија . Иако околностите долго време не им беа јасни ниту на германските истражители во овој град на северот на Германија, се чини дека апсењето на второосомничениот почна да ја расплеткува оваа мистерија.

Имено, Билд пишува дека телото на Имер било откриено во средината на септември, а полицијата потврдила дека има убодни рани. Во тоа време, еден локален жител раскажа како Имер спиел на гробиштата три недели бидејќи го изгубил станот во пожар и станал бездомник.

Со оглед на тоа што немаше поголеми индиции, полицијата јавно бараше информациј користејќи ја фотографијата на жртвата на убиството. Дополнително, полицијата понудила награда од 5.000 евра за релевантни информации. Се чини дека ова резултираше со одреден успех, бидејќи 28-годишен Грузиец беше уапсен на почетокот на ноември и моментално се смета за главен осомничен.

Сега е уапсен уште еден осомничен – 36-годишен Македонец за кој се верува дека е вмешан во убиството. Заднината на злосторството се уште останува непозната, но медиумите јавуваат дека наводно на 18 септември настанала расправија меѓу Имер и двајцата осомничени, каде Имер наводно бил повреден со електрошокер, а подоцна и убиен со нож.