Загрепската полиција извести за несреќен случај во близина на Загреб. За време на ручек маж се задушил со храна и починал, објави Индекс.хр.

– Вчера, 24-ти април, околу 12.30 часот во местото Болч, двајца мажи на возраст од 70 и 59 години заедно во куќата консумирале алкохолни пијалоци и храна, објави полицијата.

– Во еден момент 70-годишникот почнал да се гуши поради консумирање храна, по што паднал на подот.

На местото на настанот му била укажана лекарска помош, но мажот починал. Телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Загреб, се додава во полициското соопштение.