Во резервоарот на автобусот е најдена сплесканата банкина која го разнела и придонела да се разлее нафтата низ целото возило, ова е објаснувањето на бугарските истражители за почетокот на пожарот.
Но зошто огнот бргу се ширел низ горната платформа каде биле патниците, а сопрел во долниот дел кај багажникот- истрагата се уште нема официјален одговор. КОД дознава и дека меѓу возачите во конвојот на Беса транс биле и двајца вработени во ЈСП Скопје.
Во емисијата и за опасните сообраќајни решенија на магистралата Струма кои придонеле за несреќата, но не се главниот причинител за трагедијата. Банкините се поставени речиси на автопатот веднаш по ризичната кривина на патот на кој има и полуизбришани линии.
Во КОД интервју со професорот од Судска медицина, Златко Јаќоски кој во Софија учествуваше во идентификација на загинатите во несреќата со автобусот на Беса транс. Емисијата за најголемата македонска трагедија (загинаа 45 луѓе од кои 12 деца) во последните две децении е во 19:15 на Телма.