Истрагите се тешки бидејќи станува збор за планирани злосторства со учество на странски егзекутори.
Во КОД интервју со скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски кој открива дека обвинителство има посебен тим кој ги анализира истрагите и досегашните пресметки на скопските криминални кланови Дуќанџик и Беланоца. Како заклучок на сите истраги е што убијците користат украдени автомобили или регистрации кои потоа ги уништуваат. Интервјуто ќе биде емитувано во емисијата КОД во недела на 29.10.2023. и целосно ќе биде објавено на Youtube каналот на емисијата КОД.
Во емисијата ќе биде емитувана и реконструкцијата од нападот во Ист Гејт мол, детали од истрагата, како и анализа на серијата убиства меѓу двата скопски клана Грчец/Дуќанџик и Беланоца/Барон.
Скопскиот обвинител Бубевски тврди дека има и правен проблем бидејќи со одлука на Врховниот суд од пред 15-тина години, како организирана криминална група се смета онаа која има најмалку три основачи или организатори, а за одлуката смета дека е апсурдна.