23:43 часот – Малку пред полноќ, 22 годишната Фросина Кулакова чека да го премине пешачкиот премин на булеварот Партизански одреди. Се враќала накај нејзиниот дом, по прошетка со нејзиното куче. Семафорот означува зелено и Кулакова тргнува да се движи, но „пежо“ од марката 207 се движи со голема брзина во десната лента. Возачот е 20 годишниот Васил Јованов.
Со предниот дел на автомобилот ја удира девојката. Се оштетил и сообраќајниот знак кој и дал зелено светло на Кулакова да тргне, а на возачот црвено да запре. Јованов сигурно возел со брзина над дозволената. Случаен минувач го пријавува настанот.
Има прегазен пешак, тука е и „пежото“ кое го удри на лице место. Тука, пред Силбо. Полицијата веднаш излегува на терен, Јованов бил видно вознемирен според сведоци на трагедијата таа ковна ноќ.
„Што направив, што направив го убив девојчето“, извикувал тој, објавува КОД. Полицијата стигнува само неколку минути по трагедијата, Јованов веднаш е лишен од слобода. По полицијата, доаѓа и Брзата помош.
23: 54 часот – Само 11 минути по ударот, Брзата помош констатира смрт на младата девојка. Екипа на МВР која треба да изврши увид, 10 минути по полноќ е на лице место. Веднаш е известен и јавен обвинител, кој набрзо е на пешачкиот премин на булеварот. Телото е однесено на Судска медицина на обдуикција.
Повеќе погледнете на видеото: