Според сознанија на КОД, истрагата преку исказот на ранетиот Раде Трајковски – Штекли открила што се слулило. Штекли кажал дека го забележал егзекуторот дијагонално од влезот на ескалаторот. Во моментите кои се гледаат на видеото, му го кажал тоа на придружникот Димитар Т. викан Колумбо.
– Оној ми е сомнителен, ќе се спуштиме доле по скалите и веднаш ќе се вратиме за да видам кој е, му рекол Штекли на придружникот.
Кога почнале да се спуштаат, било предоцна, егзекуторот стига до скалите покрај двајца мажи и една жена кои минуваат во близина, го вади пиштолот и додека жртвите се на средина на скалите без можност да се сокријат, да спречат или да му се спротивстават, двајцата се погодени со по најмалку два куршуми.
– Крим техниката на увидот пронашла точно седум чаури од моќниот разорен калибар 9мм. Тоа покажува извонредна прецизност на егзекуторот, бидејќи успеал со повеќе од половина да ги погоди жртвите кои се движеле по скалите по косо и се оддалечувале, со што само мал дел од телото им бил изложен на истрелите. Не е познато кое оружје е користено, бидејќи не е најдено. Претпоставките се дека станува збор за полуавтоматски пиштол, објави емисијата КОД.
Досегашната истрага според сознанијата на КОД, утврдила делумни отпечатоци, но и прецизен ДНК профил на мистериозниот егзекутор, врз основа на примероци земени од повеќе локации на кои тој бил. КОД дознава дека таквите отпечатоци, односно ДНК профил, немало во кри киналистичката база, поради што е побарана помош во соседните држави, но и преку интернет.
– Црното Ауди, автомобилот за бегство не е најден. Дополнително, МВР ги проверило и сите траги споделувани по социјалните мрежи. Биле повикани неколкумина спомнувани како организатори, заканувачи, па дури и дека личеле на егзекуторот. Токму тој кого го посочуваа дека личи на ликот во белиот дуксер, бил елиминиран како осомничен извршител на злосторот, бидејќи во станицата стигнал со долга брада, објавува новинарот Миомир Серафимовиќ во емисијата КОД.