Обдукцијата на двете жртви на Палевски Палчо е готова и предадена во обвинителството, а осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски се уште е во екстрадициски притвор во Турција.
КОД открива дека за грабнувањето на 14-годишното девојче постоел добро организиран план во кој групата водена од Палевски имала строга хиерархија.
Најмалку една разузнавачка агенција имала податоци за активностите на Палевски и на неговата партија Десна.
Истрагата за грозоморното убиство се уште е активна, а резултатите се скриени пред јавноста.