Штипјанец К.В. е вмешан во убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска. Тој е приведен и уапсен. Според тврдењата на некои од медиумите, во отсуство на официјални информации од МВР и ОЈО, токму ова лице во некои од објавите се наведуваше како директен егзекутор на 14 годишното девојче, но тоа засега е во доменот на шпекулациите и не е потврдено од ниту еден официјален извор.
Штипјанецот К.В на возраст од 60 години е вмешан во убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Според првите информации целта на киднапирањето била користољубие и изнуда.
– Инаку К.В во Штип е познат како најчесто вработен во угостителските локали и подолг период бил на работа во Грција. Оние кои го познаваат велат дека воопшто не покажувал агресивност и не бил конфликтен Како влегол во оваа злосторничка шема полицијата веројатно ќе соопшти наскоро, објави локалната Телевизија Стар.
Според извори блиски до истрагата, К.В. детално го опишал своето учество во злочинот, но исто така ги вмешал имињата на Љ.П. и В. М.како свои соучесници.