Едина Муса ужива во првата бременост. Македонската кошаркарка повторно го покажа пораснатото трудничко стомаче и го откри полот на бебенцето кое го носи.
33-годишната спортистка сподели дека очекува момче кое ќе го добие името Максим.
„Мајката на Максим“ – напиша таа во описот на фотографија на која позира во црна модна комбинација.
Претходно, таа имаше објавено дека е во врска со Александар Димитровски-Мачка, но не потврди дали тој е партнерот со кого ќе добие бебенце.