Приматот најбогат граѓанин по основ на исплатен и оданочен доход од Битола се сели во Скопје. За 2020- та тоа е жена и двојно е побогата од ланскиот носител на титулата. Заработувала по 613 илјади евра месечно, односно околу 20.000 евра дневно, или годината ја завршила со над 7 милиони евра доход.
Стружанец во 2020-тата примал месечна бруто плата од 142 илјади евра во индустријата со метали.
Ланската година тетовчанец од игри на среќа стекнал 650 илајди евра, а според податоците на УЈП најдобро се заработувало и со одгледување добиток, фармација, адвокатура, угостителство.
Највозрасниот милионер е 96 годишен пензионер, а најмладиот има само 7 години, издава простории и прибира закупнина, а високо на листата на милионери се и оние кои пријавиле дивиденда.
Зад листата со околу 4.400 успешни и богати милионери статистиката на УЈП открива дека безмалку 80.000 илјади граѓани месецот го поминувале со 4.000 денари во просек, нивните посиромашни соседи или 34 илјади Македонци заработувале само 800 денари во еден месец.
Останатото работно население кое брои 656.000 работници е во категоријата од 100.000 до 1 милион денари годишни примања, или околу 20 илјади денари нето плата, но огромен е и бројот на граѓани кои воопшто не зеле плата за овој месец оваа година.
Во 2020-та година граѓаните оствариле бруто приход од 5 милијарди евра а државата преку даноци се офајдила со над 300 милиони евра. Во однос на 2018 и 2019-та година продолжува трендот на намалување на богатите а бројот на милионери со остварени над 100 милиони денари доход изнесува само 11 за изминатата 2020-та година.