Специјалистот по медицинска биохемија д-р Ана Момировска открива која вакцина најбрзо создава имунитет против коронавирусот.

Во интервју за „А1он“ вели дека најефикасна е вакцината на „Фајзер“, антитела најбрзо создавале младите луѓе.

-Според наши податоци антитела полесно и побрзо се создаваат кај помлади лица. Кај постарите исто така се создаваат, но обично значително присуство гледаме по втората примена доза. Според производител, најбрз имун одговор дава „Фајзер“, па потоа „Спутник“, „Астра Зенека“, а најспор и нешто помал имун одговор дава „Синофарм“. Тоа во склад со податоците на производителите на вкацините за тоа која вакцина колку е ефикасна. Исто така, и во Њујорк Тајмс имаше текст кој се осврна на оваа тема и нашите податоци од лаборатиријата на Синлаб се во склад со податоците од други земји. Сопствените резултати за имун одговор со антитела по вакцинирање со Модерна, Синовак, Џонсон и Џонсон и други, немаме, вели д-р Момировска.