Немања Мириќ (22) загина во ноќта меѓу четвртокот и петокот во населбата Колонија во Јагодина, кога доживеа страшна сообраќајна несреќа. Како што објавија српските медиуми, младиот човек бил зад воланот на автомобил „ауди“ кога излетал од патот и удрил во бетонски ѕид.
Семејството и пријателите се збогуваат со младиот човек кој загина во трагедијата, а под нивните објави на социјалните мрежи се редат зборови на поддршка и изрази на сочувство до неговите најблиски.
– Зошто ни замина срце сестрино, зошто не остави вака. Коки мој, зошто? Те сака сестра ти, сега си на подобро место, почивај во мир ангелче на сестра – напишала сестрата на Немања.
Немања беше многу омилен во општеството, судејќи по зборовите на пријателите кои се надоврзаа на пораките испратени до младиот човек и неговото семејство. Оваа трагедија длабоко ги потресе сите граѓани на Јагодина, а преку социјалните мрежи искрено сочувство до семејството изразија и оние кои добро го познаваа, но и оние кои го познаваа Немања само од видување.
– Нецо бе, зошто душо моја, уште не ми се верува, твојата слатка насмевка, твојата добра душа, да те чуваат ангелите, многу ќе им недостигаш на сите – гласеше еден од многуте коментари.
Според информациите, младиот човек со автомобилот удрил во бетонски ѕид, немало спас и починал на лице место. Во моментот на несреќата бил сам во автомобилот, а истрагата ќе утврди што довело до трагедијата.