На 29-годишна возраст почина младата докторка Ена Мушовиќ, а на социјалните мрежи од неа се простија многу роднини, пријатели и колеги.

Според објавените информации, Ена починала на 25 април по долго и тешко боледување. Погребот ќе се изврши на 28.04.2025 година во 13:45 часот на градските гробишта во Сараево.

„Со голема тага и длабоко жалење се збогуваме со нашата драга колешка и пријателка, д-р Ена Мусовиќ. Изразуваме искрено сочувство до семејството на Ена и до сите граѓани на нашата земја кои го гледаат нејзиното прерано заминување како голема загуба за иднината на нашата заедница. Нејзиниот живот и нејзината борба со болеста беа исполнети со храброст и надеж.

Во спомен на животот на Ена, нејзината посветеност и благородна борба, Фондацијата Академија ќе донира на Здружението „Срце за децата“ кое им помага на болните од рак, повикувајќи ги сите да го следат нејзиниот пример и да продолжат да ги поддржуваат оние кои се борат со оваа страшна болест.

Ена, твоето име, добрината и насмевката остануваат со нас засекогаш“, велат тие.

Исто така, семејството на починатата Мушовиќ побара од сите наместо венци да донираат доброволни прилози во Здружението „Срце за деца со рак“.