Мостарската глумица, Амра Прутина, починала ненадејно на 37-годишна возраст. Колективот на Младинскиот театар на Мостар ја потврдил тажната вест со емотивен пост на Фејсбук.

„Веста дека нашата Амра Прутина ја напуштила животната сцена во бесконечните пространства на невидливите сцени на вечноста, нè остави во шок, немаме зборови. Амра порасна во нашиот театар и постигна забележителни резултати вметнувајќи се со целото свое битие во МТМ, што таа го прифати и сакаше како нејзин вистински дом, а ние неа како некој најроден. Почина ненадејно, на 37-годишна возраст, на возраст кога очекувавме најмногу од неа, но смртта беше побрза“, напишале тие.