Извесен Васко Саздовски од Македонија вчера загина во Нови Сад во Србија.
Според извештајот на весникот „Информер“, меѓу загинатите во несреќата која вчера се случи во Нови Сад каде се урна натстрешница на Железничка станица се наоѓаат млади лица, како и постари граѓани.
На списокот на идентификувани жртви се наоѓаат:
• Ангела Руман (20) од Стара Пазова
• Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
• Стефан Хрка (27) од Белград
• Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
• Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
• Вукашин Раковиќ (69) од Буковац
• Васко Саздовски од Северна Македонија
Според некои информации, Саздовски е роден во 1979 година.
Идентификацијата на преостанатите жртви продолжува, а овој трагичен инцидент предизвика голема жалост и шок во заедницата. Надлежните органи работат на истрагата за утврдување на причините за несреќата, која остави длабоки последици за семејствата на загинатите и целокупното општество.
Српските власти ќе бараат лоцирање на одговорност за настанот и казнување на одговорните.
Синоќа медиумите објавија за 15 загинати луѓе, а има и повредени.