Над 90 отсто од Украинците велат дека го поддржуваат претседателот Володимир Зеленски, според анкетата спроведена овој викенд од социолошката група „Рејтинг“.
Според податоците собрани од 2.000 испитаници од цела Украина, 91 отсто го поддржале Зеленски, само 6 отсто рекле дека не го поддржуваат, а 3 отсто останале неопределени.
Поддршката е три пати поголема од декември минатата година. На прашањето за шансите Украина да го одбие рускиот напад, 70 отсто одговориле дека веруваат дека тоа е можно.
Жителите на Крим и областите под контрола на бунтовниците во источна Украина се исклучени од анкетата, јави Би-Би-Си.