Во честите дилеми каде да се продолжи со работа и живот, идните гастербајтери на ум секогаш ја имаат и Словенија која годинава има проблем како никогаш досега бидејки очајно бара работници. Ова е список на занимања во оваа земја кои можат да се вршат без познавање на јазикот и посебни квалификации, но и платите кои се нудат, објавува Телевизија Стар.

Почетната плата за рудар е 1.500 евра за 40 часа работна недла во три смени , а секоја прекувремена работа дополнително се плаќа заедно со топол оброк и превоз.

Автолакерите на автомобили во Словенија може да заработи плата до 1.800 евра, а тоа, како што стои во описот на огласот, зависи од искуството и вештините на работникот. Платата од 1.800 евра е за работно време од 7,5 часа за пет работни дена, а дополнително се плаќа и прекувремена работа.

За работното место автомеханичар, работодавачот во Словенија нуди плата од 1.500 евра до 2.000 евра. За оваа плата се очекува кандидатот да ја знае работата, да биде одговорен, точен и снаодлив, да има најмалку три години искуство и возачка дозвола Б категорија.

За возач во Словенија се нуди плата од 1.300 евра до 2.500 евра. Условите се возачка дозвола, разбирање на српски и хрватски јазик, а лицето не смее да биде осудено. Освен споемнатите, се бараат и работници од други профили како доставувачи, магационери, трговци, медицински сестри, готвачи, келнери…

Ова се воглавно платите кои се нудат за работа во Словенија што значи толкава е и заработувачаката и на Македонците кои во оваа земја ги има 62 000. Сепак, платите варираат во зависност од квалификацијата и професијата, но речиси нути една плата таму не е под 1.300 евра.