По завршување на тродневниот празничен викенд големи колони се движат од границата и пд Охрид во правец на главниот град.

Најголема колона сепак се создава на тесното грло на наплатната рампа Отовица кај Велес односно кај езерото Младост.

Фотографијата и видео се испратени во моментот и според испраќачот станува збор за колона од над 1,5 километар возила, а таа делница е исполнета на сите три ленти.

Автопатот Гевгелија-Велес-Скопје секогаш е полн при завршување на продолжени викенди во летниот период, но најголема гужва се создава на патарината после Велес.